Познати се двојките за новата сезона во Супер-лигата во машка конкуренција која стартува на 7. или 8. септември.

Во првото коло има интересни пресметки. Пелистер го пречекува Бутел Скопје на домашен терен, додека пак Охрид е домаќин на Пролет. Интересно ќе биде и на мечот меѓу Работнички и Струга. На останатите средби силите ќе ги одмерат двата тима на Металур, како и Радовиш и Вардар Јуниор.

Вардар и Еурофарм Работник ќе се приклучат во втората фаза.

ДВОЈКИ 1. КОЛО – СУПЕР ЛИГА

ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ

ОХРИД – ПРОЛЕТ

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА

МЕТАЛУРГ 2- МЕТАЛУРГ

РАДОВИШ – ВАРДАР ЈУНИОР