После убедливиот старт и онаа фантастична победа над Вест Хем во првото коло, шампионот Манчестер Сити одигра 2:2 против Тотенхем во второто коло. „Граѓаните“ сакаа одмазда за елиминацијата од ЛШ минатата сезона, но тоа не се случи. Всушност во 91 минута се случи еден контроверзен момент во кој Жесус даде гол за водство од 3:2 на Сити, но судијата после консултација со ВАР собата го поништи.

„Граѓаните“ двапати водеа, а четата на Покетино двапати изедначуваше. Стерлинг го погоди голот, но веднаш потоа Ламела изедначи, за пред крајот на првото полувреме Агуеро да го доведе Сити во водство. Но во вториот дел Лукас, само што влезе веднаш ја затресе противничката мрежа за 2:2.

Во 65 минута Пеп одлучи да го извади од игра Агуеро и да го внесе Габриел Жесус. А тоа не му се допадна на Аргентинецот кој почна да се расправа со тренерот, а Артета ги раздвои „вжештените глави“.

А Жесус ја затресе мрежата на Тотенхем, но судијата Мајкл Оливер отпрвин не свирна ништо, но се премисли па после консултација со ВАР собата свирна играње со рака на еден играч на Сити и го поништи погодокот. Па така конечниот резултат остана 2:2.

ПОНИШТЕН ГОЛ НА ЖЕСУС