Вечер за деби на двајца наши интернационалци во своите нови клубови. Александар Трајковски влезе во игра во 74.минута во дресот на Мајорка на дуелот со Еибар. Само што влезе на терен, се покажа како среќен за својот тим, Мајорка го постигна победничкиот гол за 2:1. За разлика од него Влатко Стојановски нема причини за задоволство со оглед на тоа дека неговиот тим загуби. Имено Влатко влезе во игра во 68.минута во тимот на Ним, но иако на свој терен, Влатко и неговите соиграчи загубија од Ница со 1:2. Висар Муслиу уште го чека своето деби за тимот на МОЛ Фехервар, тој и денеска не се најде на списокот на стратегот на Марко Николиќ.