Драматични последни моменти од дербито на Премиер лигата помеѓу Сити и Тотенхем. Резултатот беше 2:2 во 92 минута кога после еден корнер топката ја промаши Лапорте, но таа дојде до Габриел Жесус кој погоди за водство на шампионите од 3:2. Додека играчите на Сити се радуваа, навивачите ја славеа оваа одмазничка победа, судијата Мајкл Оливер одлучи да провери преку ВАР за регуларноста на голот. И одлучи дека тоа не е гол. Лапорт играл со рака. Следуваше жестоки протести на Бразилецот на кого вторпат му поништуваат гол во дуелите со Тотенхем. Претходно му поништија гол на дуелот од ЛШ во април.