Филип Гачевски, голманот на нашиот најтрофеен клуб, денеска полни 29 години, но роденденот не го спречува максимално да се сконцентрира пред утрешното гостување во Велес, каде Вардар се среќава со Борец. Тоа е меч од 2.коло во ПМФЛ.

„Читам по социјалните мрежи, по порталите, дека во Велес се подготвува фешта, дека Вардар го чека пекол, дека ќе има многу гледачи, дека ќе биде интересно. И тоа е убаво, секако е мотив повеќе да се игра пред бројна публика. Ние не криеме дека одиме да го оладиме Велес, ако може така да се каже. Вардар го интересира само три бода и ништо повеќе. Знаеме дека сите наши ривали се „палат“ кога играат против нас, тоа е очигледно и познато е зошто тоа така. Вардар на првиот меч со Македонија ЃП доби заслужена лекција, сега нема да биде така, сега Вардар среде Велес ќе покаже дека има добар тим. Едноставно против Борец ќе го покажеме нашиот квалитет“ истакна Гачевски.