Машката кадетска репрезентација денеска (13:15 часот) го игра последниот меч на Европското првенство во Удине. По вчерашниот пораз од Словенија во битката за 9. место на континенталното натпреварување, селекторот Денис Дервишевиќ и неговите момци одново ќе се сретнат со Израел.

Битката со противникот на Македонија од групната фаза и воедно голем должник, носи 11. место на ова ЕП, кое за „црвено жолтите“ е историско. Нашата земја за првпат успеа да опстане во една елитна Дивизија.

Израелци не совладаа во групната фаза по три продолженија (99-90), нашите момци немаа среќа во двата воведни меча. Малку среќа не делеше и од сензација против Шпанија.

Но, најважно е дека Македонија ќе игра ново ЕП во оваа конкуренција, а мак-кошарка во Удине доби голема искра на надеж, дека сепак имаме иднина.

Мечот со Израел може да го следите на линкот во продолжение.