Мауро Икарди го загуби местото во Интер по сакндалот минатата сезона. Аргентинскиот напаѓач покажа голема желба да премине во редовите на Јувентус, но челниците на Интерн му порачаа дека нема да го продадат на најголемиот ривал.

Во меѓувреме стигна понуда од Рома, која за кратко време пропадна откако Един Џеко го продолжи договорот. Во редот застана и Наполи, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Иако во текот на вчерашниот ден се чинеше дека и од овој трансфер нема ништо, па дури имаше и најави дека ќе замине во Франција, денеска се случи пресврт.

„Тутоспорт“ пишува дека Наполи за Икарди ќе даде 60 милиони евра, двете страни се договорија, останува оној најтешкиот дел да прифати менаџерката и сопруга на фудбалерот, Ванда, која е посочена како главен виновник за проблемите со Интер.