Челзи во средата загуби од Ливерпул во Супер Купот на УЕФА, и тоа откако младиот Тами Абрахам во петата пенал – серија не успеа да погоди. Минаа неколку денови од тој натпревар а на социјалните мрежи, од фановите на Челзи се пишуваат недолични работи кон младиот напаѓач. Во негова одбрана нормално застана тренерот Франк Лампард..

„Посебно ми се гади од некои или таканаречени навивачи на Челзи.Треба да ја видат пошироката слика, Тами сакаше да шутира и да биде херој. Не можам да сфатам како некои лица на својот телефон пишуваат разни глупости и гадости. Не знам како им се дозволува тоа, веројатно треба да се менува менталниот склоп“ гневно изјави Лампард.