Новото засилување на Интер, Ромелу Лукаку, најверојатно ќе го пропушти стартот на сезоната во Серија А, затоа што има вишок килограми. Според италијанските медиуми, во Интер биле изненадени од состојбата со белгискиот напаѓач кој на првите тренинзи се појавил со 104 килограми.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека белгиецот во подготвителниот период не одигра ниту еден меч за Манчестер Ј. поради наводна повреда, па на „Џузепе Меаца“ пристигна комплетно неподготвен. Тоа значи дека во следниве неколку недели ќе мора да работи со интернзивна програма, ако сака што поскоро да се најде во тимот на Конте.

Интер во 1. коло од новата сезона игра на 26 август дома со Лече.