Металург запиша пораз 26:38 (28:10) и од белорускиот првак Мешков Брест во вториот натпревар од силниот подготвителен турнир во Чехов.

“Металурзите” му парираа на ривалот во првите 20-тина минути од натпреварот (6:9), но со оглед на тоа дека ова е само втор натпревар сезонава за тимот, не беше возможно силниот ритам да го држат до крај. Дилемите беа решени по едно полувреме, со оглед на тоа дека на одморот Металург имаше негатива од осум гола.
Мешков Брест го контролираше мечот до крајот.
Третиот и последен натпревар на турнирот Металург го игра утре против романска Стеауа.