Мундо Депортиво тврди дека ПСЖ и Реал Мадрид постигнале договор за Нејмар, се чека само „амин“ од Бразилецот. По вчерашниот трансфер на Филипе Кутињо во Баерн пропаднала последната шанса на Барселона за Нејмар.

Бразилецот е клучен во преговорите, каталонскиот гигант сакаше да плати помала сума за услугите на својот некогашен тим. Но, ПСЖ за него бараше 220 милиони евра.

Засега не е познато каков договор постигнал францускиот првак со Реал Мадрид. Последната понуда на Флорентино Перез беше 120 милиони евра и Лука Модриќ. Не се исклучува можноста дека „светците“ ја прифатиле оваа понуда.

Пред два дена излезе информација дека Перез се обратил во неколку банки барајќи позајмица за да го откупи договорот. Добро е познато дека Реал ова лето не продаде многу играчи. Со трансферот на Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“ на Перез му е повеќе од јасно дека сумата потрошена брзо ќе ја врати.