Барселона и официјално го потврди трансферот на Филипе Кутињо во Баерн Минхен. Бразилецот по година и пол си заминува од „Камп Ноу“ каде стигна како еден од најплатените фудбалери во историјата.

Според каталонските медиуми Кутињо е разочаран од потегот на клубот, кој во текот на летото постојано бараше начин како да го продаде. Причината поради која не замина во ПСЖ е неподготвеноста на францускиот првак да му ја даде платата која ја земаше во Шпанија.

За разлика од „светците“, Баерн за едногодишната позајмица ќе плати 20 милиони евра, а додека Кутињо за оваа сезона ќе зема околу 12 милиони евра.

По завршувањето на првичниот договор, односно позајмицата, доколку германскиот тим сака да го купи Бразилецот ќе мора да плати 120 милиони евра. Планот на челниците на клубот беше да го доведат Кутињо на долгогодишна позајмица, но потоа се откажаа, по завршување на новата сезона сакаат да му дадат шанса на фудбалерот сам да одбере каде ќе продолжи.

Ист договор Барселона постигна со Тотенхем, но Англичаните се повлекоа во последен момент.