Шпанскиот шампион Барселона денеска ја потврди повредата на уругвајската ѕвезда Луис Суарез, при што од „Камп Ноу“ тврдат дека истата ќе го оддалечи Суарез од терените најмалку еден месец.

Денеска биле направени медицинските тестови, по кои стана јасно дека вериојатниот период на рехабилитација е 3-4 недели.

Ако прогнозите с епокажат како точни, Барселона ќе го дочека враќањето на Суарез во тимот дури по репрезентативните натпревари во септември.