ФК Меси или ФК Барселона синоќа загуби од Атлетик Билбао. Тоа беше шок за фановите на шампионот, посебо ако се видат статистичките податоци. Синоќа Барса беше лоша, многу лоша. Го нема Меси, се повреди Суарез, и сега јасно, некој мора да биде виновен. А виновен е новакот Антоан Гризман, кој го навлече гневот на фановите, но и на стратегот Валверде кој не бираше зборови критикувајќи го Французинот…

„Тој знае ние што бараме од играчот, мора повеќе да се нуди, да бара топка, да учествува во играта. Ние знаеме што може тој во казнетиот простор, но до таа ситуација треба да се дојде“ истакна нервозниот тренер на каталонците.