Нов викенд, нова понуда за обложување. Ова се нашите предлози за оваа недела, а секако ваше е да одлучите дали ќе прифатите или ќе одиграте нешто друго. Денеска се игра еден меч од македонското првенство на кој ГГ е добар избор бидејќи тој тип би најчест на меѓусебните дуели. Кец на Арсенал, двојка на Ливерпул, двојка на Реал, кец со многу голови на дуелот Борусија-Аугзбург…

АНГЛИЈА 1

АРСЕНАЛ – БАРНЛИ

Арсенал потроши многу ова лето, па сепак не блескаше на премиерата против Њукасл. Од друга страна, Барнли беше ефикасен против Саутемптон и би можел барем до еден гол на овој меч. Секако, победа на домаќинот е најизгледна.

САУТЕМПТОН – ЛИВЕРПУЛ

Ливерпул одлично стартуваше, но остана без голманот Алисон, кој поради повреда ќе биде надвор од терените четири до осум недели. „Црвените“ гостуваат на екипа која ја победил во претходните четири меѓусебни дуели. Очекуваме 2 и 3+.

АНГЛИЈА 2

БЛЕКБЕРН – МИДЛСБРО

Ниту едните, ниту другите не можат да бидат задовволни од тоа како ја почнаа сезоната – Блекберн има два порази, а Мидлсбро еден и реми на гостувањето кај Лутон. Последните години тврда поделба на бодовите е најчест исход на меѓусебните дуели. Гаѓајте 0-2 и Х.

СТОУК – ДЕРБИ

На дерби малку му фалеше да стигне до елитата, но судејќи по резултатите „овните“ бргу заздравија од мајскиот пораз на „Вембли“. Би ризикувале со двојка на овој меч, а доколку се сомневате во гостите определете се за 2-3.

ВИГАН – ЛИДС

Во претходниот шампиона на два меѓусебни дуели имаше двојка, а кец на нивниот меѓусебен меч не е виден од април 2014. Веруваме дека ви е јасно поради што не се одлучуваме за конечен исход, па ви препорачуваме 2-3, кое го најавува и традицијата.

РУСИЈА 1

ЗЕНИТ – АХМАТ

Зенит игра добро (ремито со амбициозниот Краснодар не може да се смета за неуспех), додека Ахмат засега е без бодови на гостувањата, но без оглед на тоа со оваа екипа секогаш треба да се внимава. Сепак, очекуваме кец и тврд меч.

ГЕРМАНИЈА 1

ДОРТМУНД – АУГЗБУРГ

Лошиот настап во финишот на подготвителниот период Аугзбург го круниса со пораз на гостувањето кај четвртолигашот Ферл во Купот и со скршена самодоверба доаѓа на „Сигнал Идуна Парк“. Дортмунд игра сигурно и кецот со голови е зацртан (3-5, 1ВГ2+).

М’ГЛАДБАХ – ШАЛКЕ

Шалке долго нема победа на „Борусија Парк“, но ако е за утеха на неговите навивачи секогаш постигнувал барем гол и традицијата би требало да биде испочитувана и сега и покрај промената на клупите на двете страни. Менш е фаворит, па тука се 1 и 1Х&ГГ.

ГЕРМАНИЈА 2

ШТУТГАРТ – СТ.ПАУЛИ

Во последните сезони Штутгарт имаше многу проблеми – се бореше за опстанок во Бундес лигата, испаѓаше во Цвајте, па се враќаше… Секако, и сега му е главна цел промоцијата, а против Ст.Паули е апсолутен фаворит. Кецот комбинирајте го со 2-3.

ВЕХЕН – ХАНОВЕР

Послед десет сезони во понизок ранг Вехен повторно е во Цвајте, меѓутоа, уште не успеал да освои ни бод. Ни Хановер не е нешто поуспешен, па домашните навивачи имаат причина за оптимизам. Доколку се сомневате во кецот, бирајте 0-2.

ТУРЦИЈА 1

СИВАС – БЕШИКТАШ

Тоа што не успеа со Башакшехир, ценетиот тренер Абдула Авчи ќе проба да го направи со Бешикташ: да му ја земе титулата на Галата. Сивас ретко ги сопнувал „црните орли“ и двојката, која има одлична квота, е нашиот прв предлог, а вториот е ГГ.

ВАЛЕНСИЈА – СОСИЕДАД

Валенсија во претходните две сезони му препушти само бод на Сосиедад, а бидејќи ни едните, ни другите не ги менуваа драстично составите кецот е во прв план. Ако наклонетоста на домашните кон бавен старт ви е проблем, размислете за ПГ2.

СЕЛТА – РЕАЛ МАДРИД

Селта знаела да им приреди пекол на гигантите на шпанскиот фудбал, а Реал иако е во фаза на реновирање и во турбулентен период би морал да слави па барем и минимално. Наши предлози се 2 и 2&2+.

МАКЕДОНИЈА 1

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

„Романтичарите“ кикснаа на стартот со оној пораз во Струга, додека Шкупи стартуваше со победа над Борец. Ова е интересен пар и незгоден за типување на победник. Затоа потпрете се на ГГ што е најчест исход кога овие два тима се соочуваат.

ПОРТУГАЛИЈА 1

БЕЛЕНЕНСЕС – БЕНФИКА

Шампионот тргна силно – пет парчиња во мрежата на Спортинг во Суперкупот, па потоа уште толку во мрежата на несреќниот Пасос Фереира. Тоа би го загрижило и посилен ривал, а градскиот Белененсес е должник на „орлите“ од минатата сезона. Гаѓајте двојка и 2&3+.

ПОРТО – СЕТУБАЛ

Порто киксираше на стартот, а знаете дека во португалското првенство не е лесно да се исправат грешки, дури и кога се направено волку рано. Изгледа дека „змејовите“ повеќе мислеа на дуелот со Краснодар во ЛШ, но сега би морале да победат.

РОМАНИЈА 1

СЕПСИ – КЛУЖ

Сепси од почетокот на првенството е „крал на ремијата“, а колку е незгоден веќе почувствуваа некои фаворити како ФЦСБ и Виторул. Сепак, веруваме дека бранителот на титулата Клуж нема да си дозволи слична грешка, па ви препорачуваме двојка со 0-2.

ФРАНЦИЈА 1

НАНТ – МАРСЕЈ

Марсеј разочара на отворањето против Ремс и јасно е дека работите на „Велодром“ не се розови. Нант лани ги доби двата меѓусебни дуели и би било изненадување ако го добие и третото. Но подобро пробајте со ГГ.

АМИЕН – ЛИЛ

И Лил одлучи да продаде некои талентирани момци кои беа најзаслужни за освојување на второто место, а тоа, од друга страна, може да биде лошо за нив. Амиен е незгодна екипа, посебно кога игра дома, па ви сугерираме Х2&2+.

ХОЛАНДИЈА 1

ВВВ ВЕНЛО – АЈАКС

Без оглед на заморот поради реваншот со ПАОК во квалификациите за ЛШ ова е една од најсигурните двојка овој викенд во Европа затоа што дружината од Венло нема квалитет да му се спротистави на официјалниот шампион. Тука е и КМБ 2-2&3+.