Илија Несторовски, еден од нашите најдобри фудбалери, инаку нов член на Удинезе е „магнет“ за нашите спортисти, кошаркари, судии, сите сакаат да се фотографираат со Нестор-гол. Па така и познатиот наш кошаркарски судија Александар Павлов, кој не пропушти да го посети својот познат сонародник на стадионот „Фриули“ и во клупските простории, каде ја овековечи својата средба. Инаку Павлов беше учесник-судија на Европското кадетско првенство А – Дивиција на кое нашата репрезентација го зазеде 12.место.

Познато е дека Нестор кога можеше беше на трибините во салата во Удине, и даваше поддршка на нашата репрезентација. Кога сме кај Несторовски, тој утре ќе го има својот прв официјален настап за Удинезе на куп средбата против тимот на Суд Тирол.