За потписот на Марио Балотели летово се бореа бразилски Фламенго и италијанска Бреша, а голгетерот на крајот се одлучи да остане во Италија.

Фламенго објави изјава со која потврди дека не е во можност да го договори Балотели, додека италијанскиот репрезентативец им испрати порака на навивачите на клубот.

„Им благодарам на навивачите на Фламенго за сите пораки и љубовта која ја примив од вас во последниве денови. Ви посакувам среќа на сите вас!“ – напиша Балотели.

Балотели договори едногодишна соработка со Бреша и се враќа во Серија А, откако претходно си замина од Марсеј како слободен играч.