Германски Билд Спорт пишува дека пропадна враќањето на Марио Манџукиќ во Баерн Минхен.

Напаѓачот на Јувентус во последниве денови беше интензивно поврзуван со баварскиот клуб каде требаше да дојде на позајмица, но со доаѓањето на Кутињо во Минхен, работите се искомплицираа за него.

Баерн ги насочил сите сили кон трансферот на Кутињо од Барселона и Германците не испратиле никаква понуда до Јувентус, па така за Манџукиќ како пции остануваат Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Хрватскиот напаѓач во моментов е трета опција за Маурицио Сари на неговата позиција, зад Дубала и Игуаин.