Во Велес недостигаа само голови. Спектакл пред 4.000 гледачи. Реми без голови, херојски одиграа велешани, а Вардар беше беден, напаѓаше без душа. Требаше на Борец да му исклучат играч за да дојдат шансите на Мицевски и Жуниор.

Шкендија црна, поцрна не може да биде. Дурански со „бомба“, со прекрасен гол му донесе триумф на Силекс.

Ренова едноставно не знае за доста, по триумфот над Силекс попладнево падна и Струга Трим Лум. Селмани и Адеми стрелаа за „гипсарите“, Цветаноски за Струга Трим Лум.

И на ФФМ реми без голови, и двете екипи имаа свои шанси но сепак мечот меѓу Македонија ЃП и А. Пандев заврши 0:0

РЕЗУЛТАТИ

Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР 0:0

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1:0

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2:1

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ 0:0

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2:0

ТАБЕЛА

  1. РЕНОВА 6
  2. МАКЕДОНИЈА ЃП 4
  3. А. ПАНДЕВ 4
  4. РАБОТНИЧКИ 3
  5. СТРУГА ТРИМ ЛУМ 3
  6. ШКУПИ 3
  7. СИЛЕКС 3
  8. ВАРДАР 1
  9. БОРЕЦ 1
  10. ШКЕНДИЈА 0

ВИДЕО

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-0 (Гол на Дурански)

РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2:1