Втор пораз за машката одбојкарска репрезентација на Македонија во вториот пријателски натпревар со Романија во Крајова, 2:3 (25:23, 25:20, 18:25, 10:25, 12:15).

За разлика од вчера, денеска избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ имаа одлично отворање на средбата и водство од 2-0 во сетови, но фактот дека „спартанците“ се на почетокот на темпирање на формата за Европското првенство во септември ги чинеше комплетен пресврт и пораз.

Драстичен пад во нашата игра се почувствува во четвртиот сет, во кој одбојкарите освоија само десет поени, за потоа одново да се кренат во „тај-брејкот“, но немаа сили за комплетен пресврт.

Репрезентацијата утре се враќа во Скопје, каде ќе продолжи со подготовките, а она што следи е пријателски дуели со Шведска, два официјални и еден тренинг меч во периодот од 22 до 26 август во СРЦ „Кале“.