Стратегот на велешани Горазд Михајлов, за СПОРТМЕДИА по натпреварот истакна…

„Тоа беше спектакл во Велес, секоја чест за публиката, за двете навивачки групи. Мислам дека Борец заслужено дојде до бод. Во првиот дел бевме под притисок, некој вид на грч, но затоа во вториот дел имавме и ние напади, акции. Добар натпревар, мене најмногу ме радува тоа што публиката на вакви мечеви се враќа на трибините“.