Трет натпревар, трет пораз за ракометарите на Металург, кои со 28:27 (14:13) загубија од Стеауа во последното коло од силниот подгответелен турнир во Чехов, Русија.

„Металурзите“ полека влегуваат во ритам, а тоа го потврдија на овој натпревар, кој се играше рамноправно и резултатски изедначено, но во финишот на мечот кога беше најпотребно Романците влегоа во серија и со тоа дојдоа до минимална победа.

Металург на последното место го завршува настапот на турнирот со оглед на тоа дека претходно претрпе порази од домаќинот Чеховски Медведи, како и од белоруски Мешков Брест.