Кадетската ракометна репрезентација на Египет го направи она што никој не успеа пред нив – стана првиот неевропски светски шампион. Скоро пред секој меч Египќаните имаа посебен ритуал, па така и пред финалето со Германија се помолија за успех. Се чини, молитвите им беа услишени и Египет се искачи на светските ракометни височини.