Жозе Мурињо од декември 2018 година е без клуб и признава дека тешко му паѓа тоа што работи во некој клуб. Португалецот имаше лоши резултати во Јунајтед поради што доби отказ и од тогаш е без ангажман. Тој се врати во својата куќа во Сетубал но признава дека не може без фудбал.

„Од првиот момент кога почнав професионално да се занимавам со фудбалот почувствував клик. Од тогаш без прекин работев како тренер, а сега кога престанав, место да уживам, не можам да уживам затоа што ми недостасува фудбалот“, изјави Португалецот кој оваа сезона Португалецот не работи како тренер туку како фудбалски аналитичар на „Скај спортс“.

„Сега учам германски јазик затоа што не го знам. Зборувам англиски, шпански, француски, португалски и италијански. Не исклучувам ништо, можеби во иднина ќе работам во Германија“, изјави „Посебниот“ кој дури пушти солза додека зборуваше за „Газета дело Спорт“.