На час и половина пред стартот на натпреварот во Кратово, познат е стартниот состав на Шкендија.

Очекувано, тренерот Ќатип Османи направи мали претумбации, па така меѓу стартерите не се Бесарт Ибраими, Стенио Жуниор и Зени Хусмани, додека пак Агим Ибраими, Гледи Мици и Арменд Алими ќе се најдат во почетните единаесет. Покрај нив тука се Захов, Бејтулаи, Тотре, Радески, Мурати, Имери, Чешмеџиев и Фелипе.