Раководството на Фиорентина ја истражува можноста за ангажман на 36-годишниот француски ветеран, Френк Рибери. Италијанските весници денеска на големо пишуваат дека „виолетовите“ кружат околу агентот на Рибери со понуди за негово доаѓање на „Артемио Франки“.

Французинот е слободен агент откако го напушти Баерн Минхен летово и јасно стави до знаење дека нема намера да се пензионира. Според информациите Рибери е свесен за интересот на “виолетовите” и ќе ја разгледа понудата во следните неколку дена. Блиски до него тврдат дека тој чека добра понуда од некој од поголемите тимови, но засега интерес има само од Русија од екипите на Динамо Москва и Локомотив.