По повредата на Буги Казинс, Лос Анџелес Лејкерси посакуваат ново име на центарската позиција. Со оглед на тоа дека Дејвис не сака да игра на „петка“, ќе мора да се донесе квалитетен центар. Па така се „шушка“ дека во Лејкерси ќе се врати „Суперменот“ Двајт Хауард.

Тој беше во тој тим пред извесно време, но мина лошо, и тоа поради фактот дека не можеше да се носи со бремето наречено Коби Брајант. Хауард моментално е во Мемфис, но „Гризлите“ ќе прават подмладување на составот, и ете ја шансата за Лејкерси. Ако се остварат овие најави тогаш тимот на Лејкерси ќе има три мега – старови, и тоа Џејмс, Дејвис и Хауард.