За првпат во историјата на Светските првенства во млади категории воопшто една неевропска селекција ќе го крене шампионскиот пехар. Египет е новиот светски првак во машка кадетска конкуреција, откако со 32:28 (19:13) ја совлада Германија во финалето на Мундијалот во Скопје.

Работите беа речиси јасни по само едно полувреме, но со оглед на тоа дека играа против Германија, постоеше доза на скептичност. Сепак, Германците се обидоа сè. Сменија голман, ја сменија и одбраната од 6-0 во 5-1, се обидоа да нападнат со „седум на шест“, но ништо не им одеше од рака.

Во мечот за третото место, пак, Данска со 35:27 (15:11) славеше над Португалија.