И Гостивар ги „пали моторите“ за новата сезона. Тимот кој минатата сезона беше кошмар за фавортите и беше единствен кој играше пред преполни трибини во понеделник почнува со подготовките.

Марјан Србиновски на располагање ќе има дел од момците од минатата сезона, соработката ја продолжија Диме Тасоски, браќата Димитриески, Милан Димитриевски, Александар Костоски, Ивица Димчески…ростерот е надполнет со двајца Американци, Браон Бредли и Донован Доналдсон, кој веќе е во Скопје. Управата на гостиварската гордост го пречека на скопскиот аеродром.