Неочекувано, Силекс води против Шкендија со 1:0 со голот на Филип Дурански во 48. минута. Играчот на кратовскиот тим се ослободи од двајца противнички играчи и шутна силно од далечина, а топката го изненади голманот Захов и заврши во неговата мрежа. Шампионот сега има двојно потешка задача во продолжение на мечот.