Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ погоди за својот нов тим оваа сезона, Јени Малатијаспор во победата од 3:0 над екипата на Истанбул Башакшехир во премеирното коло од турската Супер Лига. Своите голгетерски квалитети, Јаховиќ ги потврди само неколку дена откако погоди за Јени Малатијаспор и во Лигата на Европа, но тој негов гол не успеа да ги однесе Турците во плеј-офот од ова европско натпреварување.

Вечерва пред своја публика на стартот на сезоната, Малатија славеше над вицешампионот и покажа дека ќе биде еден од кандидатите за висок пласман. Јаховиќ, пак, најави уште една одлична голгетерска сезона.