Денеска се одигра натпреварот од 1/16 финалето на Купот на Македонија помеѓу Ново Црнилиште и Брегалница кој заврши неверојатни 0:22 (0:6). Да, добро прочитавте, штипскиот тим даде 22 гола.

Штипскиот тим немаше милост, особено во вториот дел кога постигна 16 голови, или во просек по еден гол на секои 2,8 минути.

И покрај тоа што Ново Црнилиште фигурираше како домаќин, сепак, мечот се одигра на градскиот стадион во Штип.  Ново Црнилиште е тим кој се натпреварува во општинската лига во Прилеп.

Пет гола беа дело на Мартин Стојанов, потоа Тони Мичковски и Иван Настевски дадоа по четири гола, Стојанчо Велинов постигна три гола, Благој Гуцев два пати се запиша во листата на стрелците, а по еден гол дадоа Анес Османоски, Дарко Стојанов, Јован Манев и Пепи Георгиев.

Со тоа падна нов рекорд во македонското првенство, после оние 16:1 кога Вардар го совлада Рудар, а Работнички пред десетина години имаше победа од 15:0 исто така во првото коло од Купот на Македонија.