Вардаровите ракометари во СЦ „Јане Сандански“ ја играат претпоследната контрола со Еурофарм Работник пред настапот на ИХФ Супер Глоуб во Саудиска Арабија, а нови проблеми за стратегот Давид Писонеро се на повидок.

Павел Атман наместо со тимот, седи на трибините, а тој најверојатно нема да настапи ниту на пријателскиот меч од затворен карактер со АЕК.

Бекот се пожалил на болки во задниот бутен мускул, а исто така и средниот прст на левата рака му е во лонгета. Не станува збор за скршеница, туку за исеченица на месото на прстот до коска, кое е сошиено, и кое бара мирување од десет дена за да зарасне.