Иван Тричковски по завршувањето на оваа сезона ќе биде без договор. Истекува неговиот договор со АЕК Ларнака, но за да не замине во друг клуб, тимот подготвува нов, подобар договор.

Тричковски во меѓувреме стана најдобриот стрелец во екипата во историјата, донесе успех играјќи со тимот во групната фаза од Лигата на Европа (најголем успех во историјата), и сега АЕК нема да дозволи да си замине. Пред неколку недели Тричковски постигна четири гола против Левски во Софија во квалификациите од Лигата на Европа.

Новиот договор се очекува Тричковски да го потпише во следните неколку дена. Да биде на три години со подобри услови од сегашните.