Ли Док Хи стана првиот глув тенисер што победи на натпревар на АТП турнир. Тој во премиерното коло на турнирот од АТП серијата 500 во Винстон Салем го совлада Финецот Хенри Анри Лаксонен со 7:6 (4), 6:1.

21-годишниот Кореанец направи 9 асови за да ја оствари својата прва победа на главен турнир, а мечот мина во неколку прекини поради временските услови. Ли е роден глув. Семејството живеело во близина на железничката пруга, но Ли не реагирал на звуците на возовите во близина на нивниот дом, по што неговите родители уште во првите денови од неговото раѓање претпоставувале дека има проблем со слухот. За време на тениските настапи Ли има проблем да ги регистрира сигналите на судиите, па се обидува да комуницира со гестови.

„Луѓето се забавуваа со мојот дефект. Ми рекоа дека не треба да играм. Секако дека е многу тешко да се прилагодиш, но благодарение на моето семејство и пријателите, дојдов до тука. Сакав да му покажам на светот дека можам. Мојата порака е да ги охрабрам лицата со хендикеп дека не треба да се обесхрабруваат и да се откажат од своите соништа“, рече Ли Док Хи по победата.