Филип Талески во новата сезона ќе го гледаме во дресот на друг тим. Македонскиот репрезентативец не се најде во составот на Рајн Некар за германскиот Куп. Според зборовите на извршниот директор на РНЛ, нема да биде во идните на планови на овој клуб, па разделбата е неизбежна.

„Филип е свесен за состојбата во тимот, со Фет, Менсах и Лагарде, тешко ќе се избори за доволна минутажа. Од друга страна тој е одличен млад играч, кој треба да игра, нешто што не може да го гарантира нашиот тренер“, изјави Кетмен.

Според неофицијални извори тој би можел да остане во бундес-лигата.