Мауро Икарди не е ниту на земја ниту на небо. Аргентинецот се чинеше дека е близу до трансфер во Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, но италијанските медиуми објавија дека ја одбил понудата, исто како и онаа на Монако, кој беше подготвен да ги исполни сите негови барања.

Според „Gazzetta dello Sport“, Икарди може да го замени Интер само за Јувентус. Италијанскиот првак беше заинтересиран за неговите услуги, но еуфоријата брзо спласна.

Добро е познато дека Интер нема да смета на услугите на Икарди по проблемите кои настанаа минатата сезона, челниците на клубот му дадоа до знаење дека треба што поскоро да си најде нов тим.