По саботниот пренствен пораз од Работнички, сите во таборот на Шкупи го свртеа вниманието кон утрешниот куп дуел против Тетекс во рамките од 1/16 финалето. Меч кој се игра  на стадионот на Чаир, со почеток во 17 часот.

„Утре стартуваме и во Купот на Македонија. Ние не криеме дека нашите желби се во ова натпреварување да стигнеме што подалеку. Ќе се потрудиме против Тетекс да одиграме најдобро што можеме и да се пласираме во следната рунда. Со победа секако дека ќе ја вратиме самодовербата по оној пораз од Работнички на последниот натпревар“ истакна фудбалерот на Шкупи Фати Исмаили.