Македонскaтa кадетска одбојкарска репрезентација во женска конкуренција, утрово стартуваше со убедлив триумф во 1. коло на Балканското првенство за одбојкарки до 17 години, кое се одржува во месторо Лукавац, Босна и Херцеговина.

Избраничките на координаторката за женска одбојка кај нас, Емилија Терзиевска и нејзиниот асистент Александар Димовски славеа со убедливи 3:0 над соодветните врснички од Албанија.

„Црвено-жолтите“ во рамките на групата „А“, утре од 20 часот ќе ги одмерат силите со домаќинот Босна и Херцеговина, а ден потоа за ривалки ќе ја имаат Бугарија (17 часот).

В петок и сабота се натпреварите за медалите и за пласман.