Очекувано, АЕК падна пред актуелниот европски првак во последната контрола во нашата земја. По оние три победи над македонските екипи, почнувајќи од Бутел Скопје, Еурофарм Работник и Охрид, грчкиот тим беше сопрен од Вардар.

Овој дуел кој се одигра во малата сала „Јане Сандански“ пред затворени врати, македонскиот првак го доби со 31-24, а според информацијата од официјалната „Фејсбук“ страница на Вардар најефикасни биле Тимур Дибиров со 10 гола и Сташ Скубе со седум гола.