Утрешниот натпревар во рамките од 1/16 финалето од Купот помеѓу Кожуф и Ренова ќе има хуманитарен карактер. Имено, управата на клубот од Гевгелија се реши да ги донира сите средства собрани од продажбата на билетите и тоа на семејствата кои останаа без кров на главата по пожарот на една од зградите во Гевгелија.

Билетот ќе чини 100 денари, а од клубот повикаа на масовна посета.