Пелистер е третиот патник во 1/8 финалето од Купот. Битолчани денеска се вратија од „мртвите“ во дуелот со Кит-Го во Пехчево, и во 91. минута со голот на Момировски успеаја да дојдат до израмнување, откако имаа негатива.

Потоа преку пенали дојдоа до триумфот и до пласманот во следната фаза. Кит-Го водеше со голот на Симевски, и кога се чинеше дека имаат пласман меѓу најдобрите 0сум стигна израмнувањето.

Веднаш се пристапи кон изведување на пенали, Пелистер беше подобар со 5:4 и продолжува во следната фаза.