Новиот тренер на екипата на Јувентус, Маурицио Сари, мора да се лекува од пневмонија. Поранешниот менаџер на Челси не беше со тимот на вчерашниот тренинг, а со тоа почнаа и шпекулациите околу неговото отсуство.

Сари сметал дека има грип минатата недела, но дополнителните тестови направени вчера покажале дека станува збор за пневмонија.

„Во доцните попладневни часови вчера, тој претрпе дополнителни тестови кои потврдија дека има пневмонија, за што е пропишана специфична терапија. Тренерот го овласти клубот да комуницира за неговата здравствената состојба“, се вели во информацијата од Јувентус.

Затоа сега е неизвесно неговото присуство на клупата на Јуве на мечот против Парма в сабота во премиерното коло од новата сезона во Серија А.