Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник нема да може да смета на услугите на словенечкиот ракометар Анже Ратајец кој поради проблеми со коленото ќе мора да оди на операција. Тој ја влечеше повредата подолго време и поради тоа не го даваше максимумот. Со санирање на оваа повреда тој се надева дека ќе ги реши проблемите, но јасно е дека ќе отсуствува долго време поточно ќе го пропушти првиот дел од сезоната.