Минатата седмица африканскиот фудбалер Муса Ноа Камара потпишал договор со шведскиот клуб Трелеборг на 3,5 години. Меѓутоа соработката била прекината после само седум дена.

Трелеборг објави дека 19-годишниот играчот од Сиера Леоне сакал да се врати дома од лични причини, а потоа самиот фудбалер открил зошто си заминал од државата за која сонуваат многу да работат и да живеат.

Признал дека сакал дома затоа што не можел да ги поднесе ниските температури во Шведска.

Камара претходната сезона постигнал 15 голови во првенството на Сиера Леоне и беше најдобар стрелец во лигата.