Димитар Митровски даде убав гол во победата на резервниот тим на Спортинг Лисабон (У23) во дуелот на гости против Авес во португалскиот шампионат. Во 90 минута македонскиот офанзивен играч за врска шутна од далечина и ја закова топката во мрежата на немоќниот домашен голман за убедливи 4:0.

Спортинг е прв на табелата во У23 лигата со шест бодови по две кола, а претходно ја совлада и Брага.