Борусија Дортмунд му понудила нов договор на Џејдон Санчо. Понудата значи дека Санчо ќе добива двојно повеќе доколку прифати да ја продолжи верноста кон „милионерите“.

Англискиот интернационалец имаше извонредна сезона во Бундеслигата, а брилјираше и во 1. коло од новата сезона. Лусиен Фавре долго време разговарал со управат за да најдат начин како да го тргнат Санчо на страна од рацете на богатите, пред се англиски, клубови, кои сигурно следното лето ќе тргнат по неговиот потпис.

Германски „Билд“ објави дека Санчо ќе има одредено покачување на платат и без разлика дали ќе го продолжи договорот по 2022 година, но новиот договор задолжително ќе содржи „дебела“ откупна клаузула. Санчо само што потпиша нов договор минатиот октомври, во вредност од 40,000 фунти неделна плата, при што спортскиот директор Мајкл Цорк го нарече еден од најдобрите потези на клубот во последната деценија.

Со новата понуда, Санчо би добивал по 80.000 фунти неделно, бидејќи Дортмунд ја продолжува својата борба да го задржи што е можно подолго. Тоа значи дека новиот договор ќе биде за најмалку 2 години, заклучно со 2024 година.