Филип Талески ја најде средината во која ќе ја добие потребната минутажа за да напредува во својата кариера. Македонскиот репрезентативец во новата сезона ќе го носи дресот на Балинген откако две години беше член на Рајн Некар.

„Со нетрпение чекам да играм редовно. Во Балинген дојдов бидејќи ќе имам шанса да добијам вистинска шанса. Претходно разговарав со Владан Липовина, кој ми кажа убави работи за тимот, за тренерот и за новата средина“, изјави Талески, кој потпиша едногодишен договор.

Ниту од тимот не го кријат своето задоволство. Откако веќе било јасно дека Талески ќе го напушти РНЛ веднаш тргнале во акција.