Од денеска и официјално нови имиња на ФК Тиквеш се Емир Скендери кој дојде од А. Пандев и Александар Ангелков, кој по пауза од две години се врати во својот клуб. Се чини со тоа се затвора списокот на ови играчи за кавадарчани во овој летен преоден рок.

Инаку беше и промовирана и новата опрема со која ФК Тиквеш ќе настапува во следната сезона. По тој повод свој коментар имаше и претседателот на клубот Миле Масларков, кој им се заблагодари на фирмите кои ја и ја обезбедија опремата и посочи дека во сезоната што претстои, амбициите на клубот се прво место во Втората лига – Исток и пласман во Првата лига.