Со четири порази во исто толку одиграни натпревари, македонската кадетска женска репрезентација ја заврши групната фаза на ЕП Б Дивизија. Украина е новата селекција која им делеше кошаркарски лекции на нашите двојки, славеше со 37-80 (10-22, 8-18, 4-19, 15-21).

Македонија дефинитивно има среќа, на овој шампионат нема да има испаѓање во Дивизија Ц, па ќе имаме доволно време за анализа, но и за работа, особено во клубовите…

И на оваа средба не успеавме да го намалиме бројот на изгубени топки, запишавме 27. Во продолжение ќе разигруваме за избегнување на фенерот…